Облачно и посвежо

4-ти октомври, вторник ќе биде облачно, ветровито на места и посвежо. Минималната вредност на температурата ќе се движи од 9°С до 12°С и тоа во поголем дел од котлините.

Во западните и северните краишта ќе биде променливо облачно, со можност за сосема слаби врнежи. Подолги сончеви периоди се очекуваат на југоисток. Ќе дува слаб, повремено и умерен северен ветер.

Максималната температура ќе има тренд на опаѓање. Низ поголем дел од котлините таа ќе се движи од 17°С и 21°С, а на југоисток до 23°С.

Во сккопскиот регион се очекува умерено облачно време со сончеви периоди. Ќе има услови за слаб повремен дожд. Минималната температура ќе се движи околу 11°С, а максималната околу 21°С.

До крајот на неделата, во четврток и во недела треба да биде сончево , додека за петок и за сабота се прогнозира облачно време.