Обожовател на Меси од Индија се самоубил поради поразот на Аргентина

Мундијал во Русија ја зема првата жртва и тоа во Индија. Дину Алекс, голем навивач на Меси од Индија, извршил самоубиство откако го одгледал мечот на кој Аргентина беше поразена од Хрватска со 0:3.

Откако завршил натпреварот Дину  оставил порака со зборовите „немам повеќе за што да живеам“ после што исчезнал, а  полицијата по него трагала со денови. Телото на 30. годишниот од селото Армур е пронајдено во блиската реко. Се верува дека скокнал во реката и се удавил.

Таткото на Дину изјавил дека неговиот син бил голем обожавател на Меси и дека причина за самоубиството е што Меси и Аргентина очајно играле и освоиле само еден бод од два меча.

„После натпреварот плачеше и го исклучи мобилниот“, открило семејството.

Неговите пријатели изјавиле во полиција дека Дину бил убеден дека Аргентина ќе стигне далеку во Русија, па дури и дека ќе ја освои светската титула.