Обраќање на Зоран Заев во 13 часот

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во 13 часот ќе има свое обраќање, соопштија од неговиот кабинет. Не е наведено точно темата на обраќањето, но тој вчера во емисија на АлсатМ најави дека е возможно активирање на план Б за конституирање Влада, доколку Иванов одлучи да продолжи да ја злоупотребува својата положба и да го крши Уставот.