ОБСЕ/ОДИХР го почнува набљудувањето на изборите

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР од денеска официјално ќе го започне набљудувањето на предвремените парламентарни избори во Македонија, закажани за 11 декември.

Каетана де Зулуета, шеф на Набљудувачката мисија, по тој повод на прес конференција ќе ја претстави улогата на Мисијата и претстојните активности.

Де Зулуета е назначена за шеф на мисијата на местото на амбасадорот Јан Петерсен, кој требаше да биде прв човек на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија за претходните термини на изборите што беа одложени.