Објавена одлука за ликвидација на Систина Медикал

Во службен весник број 176 објавена е намера за ликвидација на Приватна здравствена организација -Специјална болница по гинекологија и акушерство СИСТИНА МЕДИКАЛ. За ликвидатор е назначена Ратка Куноска-Камчева.

likvidacija

Во објавата се повикуваат доверителите да ги пријават своите побарувања, а должниците да ги исполнат своите обврски кон болницата.

Закажано е и рочиште за испитување на пријавените побарувања на доверителите на 20 октомври оваа година.

Засега нема информации во јавноста зошто се ликвидира една од најпознатите фирми на бизнисменот Орце Камчев.

(Р.А.)