Овации за ,,модниот тигар“ на Вартекс дедо Тони (видео)

Конфекциската модна куќа од Хрватска, Вартекс, ја искористи славата на 82 годишниот Таљат Селмани-Тони од Загреб и го ангажираше како манекен на нивни костуми на модниот саем за венчавки во Арена Загреб. Тие го нарекоа ,,моден тигар“, а неговото појавување на пистата беше проследено со силен аплауз.
Тони се прослави со една изјава од 2 минути во која зборуваше за грипот и на гледачите им препорача само да вежбаат…,,Вежбај, пи… ти материна“-рече Тони.