Македонскиот пијанист со светско реноме, Симон Трпчески, имаше одличен настап со Чикашкиот симфониски оркестар и Маестро Пабло Херас-Казадо во симфониската сала во Чикаго

Неговата изведба на Рахманинов – Концерт за пијано бр.3 со Чикашкиот симфониски оркестар и Маестро Пабло Херас-Казадо,
Симфониска сала во Чикаго, од 16.02.2019, беше дочекана со бурен аплауз и овации.

По прочуената 11-концертна турнеја низ Азија, Чикашкиот симфониски оркестар се врати во салата во Чикаго со гостинскиот диригент, Шпанецот Пабло Херас-Казадо и пијанистот Симон Трпечески, кои се приклучија на Концертот за пијано Рахманинов број 3 на Рахманинов и Симфонија бр.1 на Чајковски (Зимски соништа), пишува csosoundsandstories.org. Ова е феноменалната изведба на Трпчевски, инаку предизвик за чикашкиот оркестар да го следат во чекор, пишува на официјалната страница на Chicago Symphony Hall. Во својот преглед, критичарот на Чикаго Трибјун, Хауард Рајх, напиша: ,,Иако Трпечески ја отвори познатата тема прилично бавно, тој финишираше со очигледна леснотија. Уште подобро, тој донесе сеприсутно чувство за лиризам кон неговото свирење, дури и во трнливите, прегласни пасуси “. Лоренс А. Џонсон, пишувајќи во ,,Чикаго…’ класичен преглед, рече: ,,Техниката на Трпчески е недостижна. Тој се осврна на виртуозните рафали сѐ до финалето со моќност и брзина, а по него Хеас-Казадо и оркестарот, кои се бореа за да го задржат чекорот. Пијанистот го водеше адреналинот до финалните ноти, па беше толку возбудливо со неговите рифови и виртуозност“.