Ова е лицето што го уби кучето пред кафуле во Дебар Маало

Попладнево се случи страшно убиство на куче од човекот што е на фотографијата. Како што ни раскажуваат очевидци кои седеле во кафулињата во Дебар Маало, во еден момент се појавило лицето со секира и со сета сила почнал да го удира.Откако му ја расцепил главата , потоа го дотепал со метална прачак. Шокираните гости од кафулиња станале од масите и додека сфатиле што се случува, насилникот мртов ладен се вратил кон една од куќите во близина на кружниот тек во Дебар Маало.

Кучето останало да лежи на плочникот, а присутните почнале да викаат по него и силно да негодуваат. Наводно, човекот што го усмрти кучето, имал графичко студио во близина и се пожалил дека кучето неколкупати го нападнало.

На потег се органите на прогон или институциите за згрижување непресметливи личности.

АКО.мк