53 годишниот Михаил Мишустин е изборот на претседателот Владимир Путин за нов премиер на Русија, откако целата руска влада на чело со Медведев поднесоа оставка.

Предлогот е доставен до Државната дума.

Михаил Мишустин е актуелеен претседател на Федералната даночна служба.

Путин на средба со Мишустин

Како што пренесува Тас, Премиерот на Русија Дмитри Медведев со сите членови на Владата поднесоа оставка по обраќањето на Путин, кој најави промени во уставот и законот за Влада, со кои се зголемува одговорноста на Владата и влијанитео на парламентот.

Путин му понуди на Медведев да биде заменик на претседателот на Советот за безбедност.

Фото: Ројтерс