Сите 11 патници и членови на екипажот загинаа вчера кога приватен авион на турската компанија “Basaran holding” се урна во Иран.

Во турскиот приватен авион на бизнисменот Хусеин Башаран, загинаа Мина Башаран, 28-годишната наследничка на турскиот бизнисмен , која се враќала од Дубаи по прославата за нејзината моминска забава заедно со своите пријателки .

Турската телевизија NTV соопшти дека во авионската несреќа која се случи вчера во Иран, загинала ќерката на шефот на одборот на директори на инвестицискиот холдинг „Basaran“ Хусеин Башаран – Мина Башаран.

Associated Press ојави фотографии од местото на несреќата: