5 кучиња трагачи се дел од Царинската Управа уште од 2000-та година и се од особена важност бидејќи се користат за заштита на граничните премини при спречување на нелегално транспортирање на наркотици и истите имаат учествувано во повеќе акции од кои 90% се успешно реализирани“-велат од Царинска Управа.

Кучињата се донација за потребите на Царинската Управа од Република Азербејџан и Германија. Овие кучиња од своите 9 месеци се специјално тренирани да препознаваат специфични супстанци како што е дрогата. Со своето одлично чувство за мирис кое инаку кај кучињата е илјадници пати посилно од човечкото, многу брзо можат да ги лоцираат сокриените наркотици кои за цариникот би можеле да бидат невидливи.

Секое куче секојдневно е тренирано од страна на својот претпоставен водач со кој и живее и како дел од тренингот после секоја успешна потрага е соодветно наградено. Со самото наградување кучето се мотивира и учи како побрзо да ја открие забранетата стока која евентуално би се криумчарела на граничните премини.