Во рамките на неделата посветена на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот, ЈП „Комунална хигиена“ денеска започна акција за чистење на дивата депонија во дворот на Управната зграда на Заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“ на улицата Перо Наков, во општина Гази Баба.

Дворот на домот ,,Ранка Милановиќ“

 Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со директорите на јавните комунални претпријатија присуствуваа на работната акција за расчистување на ѓубрето во дворот на ЈУ “Ранка Милановиќ” со цел да се обезбеди чиста средина за лицата кои се сместени во домот.

Градоначалникот Георгиевски најави продолжување на акциите за собирање на ѓубрето и посочи дека надлежните институции ќе продолжат со интензивна работа, а дека ќе бидат вклучени и комуналните инспектори, но апелираше и до граѓаните, да ја чуваат животната средина во која живеат, бидејќи доколку тие не обрнат внимание на околината во која живеат, комуналните претпријатија колку и да чистат, нема да можат да постигнат секогаш и секаде.

Во објектот со седиште во општина Гази Баба лоцирана на ул „Перо Наков“ бр.2 во Скопје(препознаен како ,,Ранка Милановиќ,,) актуелно се згрижени 18 деца со нарушено поведение.

Внатрешната организација е воспоставена преку следните служби:

1. Служба за воспитна работа со деца со нарушено поведение 2. Служба за спроведување на наставно образовна дејност.

Вработени се 20 луѓе од педагог, воспитувач, социјален работник, готвач, пожарникар, хигиеничар… до чувар, но очигледно никому не му пречела ваквата страшна состојба во нивниот двор.