Огненовски: Лидерската средба на манипулаторите на столетието се откажа

,,Лидерски средби, се само обично заведување на народот дека политичарите од партиите кои ја практицирале и ја практицираат власта мислат и на народот и на државата.

Денес требаше, не знаеме веќе по кој пат ќе се одржи таканаречена лидерска средба, но истата е откажана поради неучество на опозициската ДПМНЕ која бара предвремени избори. Се прашуваме со кое лице ДПМНЕ, кое со години ја уништуваше Македонија и народот бара предвремени избори, или зад ова барање се крие желбата да ја доуништат државата и народот. Исто така оваа средба требаше да биде во насока на санирање на актуелните штетни процеси во државата и заземање правец во иднина за одредени актуелни проблеми и недоразбирања. Би рекле тотална неспособност за водење држава, криминал во секоја пора од политичките манипулатори, профитери и криминалци од редовите на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните коалициони партнери.

ДЕМОКРАТИ ги осудуваат ваквите лидерски средби, на кои се планира да присуствуваат, ако може така да се наречат лидерите на четири поголеми партии, а кои во најголем број имаат претставници во Собранието.

ДЕМОКРАТИ истакнуваат дека токму ова се луѓето кои сите овие децении ја практицираа власта и државата и народот го доведоа во една крајна безизлезна, понижувачка и катастрофална состојба, го држат под модерно ропството. Што ќе решат позитивно и добро кога сите децении наназад гледаме како од година во година државата оди се надоле и е во секој поглед полошо.

ДЕМОКРАТИ се сигурни дека и ако се одржи ваква средба повторно ништо значајно нема да се случи, а по неа политичкиот инженеринг на партиите со недели ќе фрла меѓусебни разни навреди и обвинувања, од кои народот само ќе тоне во неизвесност и ќе се создате уште поголема колективна депресија.

ДЕМОКРАТИ потенцираат дека на народот и државата им е потребна лидерска средба на која ќе учествуваат претставници на сите партии, без разлика дали досега биле носители на власта во државата. Ова од причина што за основање на партија потребни се 1.000 потписи и независно од големината на членството, сите партии се основани и во нив членуваат граѓани од нашата држава, за чија судбина и живот одлучуваат пролитичките профитери кои учествуваат на вакви средби досега.

ДЕМОКРАТИ се убедени дека на лидерска средба на која ќе учествуваат претставници на сите партии, ќе се изнесат повеќе конструктивни идеи за излез од кризата во кој се наоѓа државата и народот. Со ова ќе се избегне стандардниот режиран протокол на претставниците на партиите носители на власт до сега и ќе треба отворено да се изјаснат за одредени состојби, односно да се соочат со својот народ на кој со погубните политики му креираа недостоен и понижувачки живот.

ДЕМОКРАТИ овие средби не ги признаваат и се убедени дека истите нема да придонесат за решавање на натолажените проблеми.

Во оваа прилика и организаторите и поканетите на вакви средба ги повикуваме да размислат дали треба во скоро време да се повикаат претставници од сите партии во државата, а со цел добивање на поголем легитимитет на одлуките кои ќе бидат донесени, или повторно ќе бидеме сведоци на едноумието на неколку политички моќници кои немаат ништо добро придонесено за народот и државата.
Доста е глумење политика, власт, моќ додека народот гладува, а државата не функцуонира. Дојде време да понесете одговорност, народот тоа го бара.

ДЕМОКТРАТИ предлагаат лидерска средба со претставници на сите партии во државата, на која прва точка ќе биде согласување за носење на измени во законот за Една изборна единица со отворени листи за пратеници, потоа постигнување согласност за измена на законите за одговорност на сите кои направија невиден грабеж на народот да нема застареност за гонење со што сите кои се обогатија на криминален начин ќе одговараат и да нема застареност за конфискување на имотот“- се вели во реакцијата на претседателот на партијата Демократи, Јорго Огненовски..