Ограбена е експозитура на ,,Тутунска банка“ во Чаир

Изутрината е ограбена експозитурата на ,,Тутунска банка“ во скопската општина Чаир.

Полицијата сега ја обезбедува банката , се врши увид, но сѐ уште не е познато колку пари се ограбени.

На 15.04.2019 г. во 10.36 ч. пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на ул.,,Ферид Бајрам“ кои одзеле пари. Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема