Ограбувач на банки усмрти 27 годишен Србин во Чикаго

27 годишниот Марко Бошковиќ од Обреновац, загинал во тешка сообраќајна несреќа предминатата ноќ во близина на Чикаго.

Во возилото во кое се наоѓал Марко и уште тројца млади луѓе, со голема брзина се забил алкохолизираниот Хорхе Родео Круз, кој предизвикал судир со тешки последици.

Во возилото покрај Бошковиќ, се наоѓала една девојка од Колумбија која исто така подлегнала на повредите, а уште двајца другари од Србија се повредени, од кои едниот е во тешка сосотојба, го пренесува пишувањето на американските медиуми српски Новости..

Инаку, пијаниот предизвикувач на сообраќајната несреќа веќе се гони од полицијата за неколку грабежи на банки и против него се водат судски процеси за ова.

Порталот Чикаго Тајмс пишува дека Хорхе Родео Круз е во притвор со одредена кауција од 750.000 долари, а за делото што го предизвикал може да добие затворска казна до 28 години.

Фото: Новости.рс