Истражувачите на Флорида пронајдоа огромен питон во мочуришните предели на овој дел од Америка.

Бурманскиот питон е една од најголемите змии на светот, но овој примерок ги надминува сите досега пронајдени било каде.

Питонот е долг повеќе од 5 метри, а е тежок 65 килограми.

Се проценува дека во мочварните подрачја на Флорида живеат над 100.000 питони.