Огромна дупка проголта улица

Огромна дупка која сама се отворила, проголта еден дел од улица во јапонскиот град Фукуока. На вџашеност на луѓето кои се нашле во моментот тука, пропаднал делот од улицата и се отворила огромна дупка во пречник од 20 метри.

Истовремено е прекината комуникацијата низ целата улица, бидејќи џиновската дупка се протега до заградите. Тоа предизвика паника кај жителите дека и тие може да се урнат.

Дупката почнала да се полни со вода, а веднаш потоа снемало струја и гас.

За среќа никој не е повреден, а жителите и вработените од околните згради и продавници се евакуирани.

Уривањето на делот од улицата најверојатно е заради изградбата на подземната железница, коментираат од градската управа на овој јапонски град.