Одбиена е молбата на Груевски за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по молба за одложување на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата. Решението на судија за извршување санкции е испратено на странките во постапката кои имаат право на жалба против ова решение во рок од 3 дена до Кривичниот совет, соопшти судот.

Никола Груевски побара преку правните застапници одложување на издржување на двегодишната затворска казна, заради неговите обврски во Парламентот и пишување на книга.

Со ова Груевски можеби купи уште некој ден, но ако не се испречат други правни или законски можности за одложување, во текот на ноември Груевски ќе мора да замине во затвор.