Одбиен предлогот за притвор на осомничен од ,,Трезор”

Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела позврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), против едно лице опфатено во предметот на СЈО во јавноста познат како „Трезор“, донесе решение со кое предлогот се одбива како неоснован-се вели во кусото соопштение од Основен суд Скопје1-Скопје.

Претходно, СЈО до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во врска со истрагата во предметот „Трезор“ поднесе предлог за определување на мерки за претпазливост за три осомничени лица, со кои е побарано од Судот да ги одземе патните исправи на овие лица.

Воедно, за едно осомничено лице побарано е определување на мерка притвор поради опасност од бегство, постоење на основан страв дека лицето ќе ја попречува кривичната постапка и постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека лицето ќе го повтори делото.

До Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесено е и барање за донесување на привремена мерка- забрана за користење и располагање со трансакциската сметка на правнато лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.

Како што се дознава, мерка притвор е побарана за Горан Грујовски, врабоетн во УБК, а за поранешниот директор на Управата Сашо Мијалков, одземање патна исправа и за уште двајца осомничени. За ова судот уште не се произнел.

За одбиената мерка притвор СЈО има рок од 48 часа за жалба.