Со 4 гласа за и 4 против членовите на ДИК го одбија приговорот на СДСМ кој се однесуваше за Избирачко место 2011 во општина Теарце. Субхи Јакупи откако активно учествуваше и во работата и во сослушувањето на Избирачкиот одбор и овластени преставници на политички партии, на крајот реши да се изземе од гласање со образложение дека сака независниоте членови од комисијата да одлучат и да се намали политичкото влијание при носење на одлуката.
Ова беше неприфатливо за Бедредин Ибраими од ДПА кој рече дека е неприфатлива ваква неодговорност од Јакупи, кој бил главен иницијатор два дена да се расправа за ова избирачко место, а потоа избегал.
Со ова заврши работата на ДИК по приговорите на партиите за изборниот процес. Сега на потег е Управниот суд кој треба да донесе конечна одлука по жалбите од одлуката на Државна изборна комисија.