Одбраната на Кочан за притворот игра на картата замолчување на медиумот

Со одбраната на Никола Додевски, адвокат на Сеад Кочан, кој пред судиите во Апелација одигра на карта обид за замолчување на медиумот во сопственост на осомничениот, станува јасно промената на сопствеништво во неговата фирма ,,Трансмет“.

Имено,променат на управителство на Трансмет е направена на 02.03.2017 година, а одобрена на 06.03.2017 , а во моментот кога Кочан бил однесен пред судија на претходна постапка, тој се уште бил управител на „Трансмет“. Во меѓувреме, се менува управителството со јасна намера да се искористи овој факт како главен аргумент пред Апелација со кој ќе се бара отфрлање на мерката притвор.

На ова регираа обвинителите од СЈО кои укажаа на овие обиди за малверзации и кои побараа да се земе предвид дека Сеад Кочан ја напуштил државата ден по донесената одлука со која се прифати жалбата на СЈО и му се одреди мерка притвор.

Судот има 48 часа да донесе одлука дали ќе ја прифати жалбата за притвор на одбраната на Сеад Кочан или ќе ја потврди одлуката на Кривичен совет при Основен суд Скопје 1.