Одговор на МАНУ до БАН:Македонскиот јазик е факт и меѓународно верификуван, беспредметна е дебатата на оваа тема

Претседателството на Македонска академија на науки и уметности (МАНУ), на седницата одржана на 19 декември 2019 година, се произнесе за ставот на Бугарска академија на науки (БАН), за македонскиот јазик и констатираше дека:

Прво, постоењето на македонскиот јазик е факт, меѓународно верификуван од светската лингвистичка наука. Оттука, секоја расправа за оваа тема ја сметаме за беспредметна и спротивна на духот на меѓусебната соработка меѓу двете Академии.

Второ, ја користиме оваа пригода да апелираме до Владата на РСМ за потребата проектите за научно истражување на македонскиот јазик врз кои работи МАНУ и другите соодветни институции, во иднина, да добијат приоритет и позначајна финансиска поддршка од Владата, се вели во соопштението на МАНУ.