Одземена бесправно исечена дрвна маса од реонот на Галичица

Не запира атакот врз шумите. И покрај сите предупредувања и постојаното присуство на терен на Шумочуварската служба на ЈПНШ и Одделението за внатрешна контрола, Шумската полиција и МВР, сепак има обиди за бесправно сечење и присвојување на дрвна маса, реагираат од Национални шуми.

Во реонот на ПШС Галичица –Охрид, во ШСЕ Караорман на 22.09.2020 година се затекнати познати сторители кои се обиделе со коњи да натоварат одредена количина на дрвна маса од буково огревно, исечена со моторни пили. На лице место се одземени бесправно исечените дрва и моторните пили и натоварени во камион. Во меѓувреме на лице место е направен записник и од инспекциски служби од Секторот за стопански криминал и крим техника, кои понатаму ќе преземат мерки за санкционирање на прекршокот.