Одземени мобилниот на Катица Јанева и компјутерот на нејзиниот син од 1 ТВ

Полицијата по налог на Основното јавно обвинителство го одзела мобилниот телефон на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, потврдуваат од ОЈО за Сител. Од таму велат дека освен одземањето на телефонот не е вршен претрес во нејзиниот дом.

Некои медиуми јавија, повикувајќи се на полициски извори, дека Јанева имала два телефона, но рекла дека едниот го изгубила.

А1 он јави дека при претресот на 1 ТВ , полицијата по налог на обвинителството го запленила компјутерот на синот на обвинителката, кој е вработен во оваа телевизија.