Одзивот до 10 часот е 9,49 проценти

Државната изборна комисија соопшти дека до 10 часот одзивот на гласачи на цела територија на РМ е 9,49 проценти. Одзивот е на обработени 95 проценти од сите ИЕ .

По изборно единици соодносот е следен:

Во ИЕ 1 одзивот на гласачи е 11, 05 проценти излезност.

Во ИЕ 2 излезноста е 9,70.

Во ИЕ 3 излезноста е 11,36.

Во ИЕ 4 излезноста на гласачи е11,29 проценти.

Во ИЕ 5 гласале 9.05 од запишаните избирачи.

Во ИЕ 6 досега гласале најмалку 5,10 проценти гласачи.

До ДИК пристигнале пријави од одреден број гласачи дека им е повредено правото на гласање и проверката е во тек.