Одзивот на гласачи до 17 часот е 60,38 проценти

Излезноста на изборите до 17 часот е 60,38%, соопшти Државната изборна комисија.

По изборни единици одзивот на гласачи до 17 часот е следниот:

ИЕ1 – 66,38%

ИЕ2- 59,89%

ИЕ3- 64,90%

ИЕ4- 67, 15%

ИЕ5 – 68,46%

ИЕ6 – 46,82%

Од ДИК соопштија дека на вчерашното гласање во дијаспората од запишани 20.571 гласачи, гласале 8.208 лица или 39,90% од гласачите.

До Државната Изборна Комисија биле поднесени 335 приговори од граѓаните, во најголем дел од оние кои ги немало во избирачкиот список. Приговорите биле одбиени затоа што е утврдено дека се работи за граѓани кои се наоѓаат на списокот со спорни записи на избирачкиот список а не поднеле навремена пријава за истото.