Горан Бреговиќ имаше емотивна средба со Васка Јанковска, пејачката што ја изведе неговата култна песна „Едерлези“. Јанковска, заедно со
оркестарот „Агушеви“ се појавија како изненадување во „Еден на Еден“,за време на интервјуто со Брега.

Погледнете ја изведбата која не го остави рамнодушен ни Бреговиќ:

Во „Еден на Еден“ Брега зборуваше за неговите почетоци, војната,
семејството, љубовта кон боксот и уште многу интересни теми.
Едночасовното интервју веќе е достапно и на „Јутјуб“:

,,Едерлези“ е направена за потребите на филмот на Емир Кустурица, ,,Дом за вешање“, од 1988 година, кога е создадена уште покултната сцена за обичаите на Ѓурѓовден. Во овој филм во една од главните улоги беше нашата Синоличка Трпкова.