Од денеска брзи тестови на 6 пункта со резултати за 15 минути

Од денеска на 6 пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во Поликлиниките Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар, Јане Сандански и Млин Балкан.

Резултатите се добиваат за 10 до 15 минути. Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето.

Алгоритамот е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациентот ќе му се земе брис за ПЦР тест или за антигенски брз тест. Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку Мој термин.

Доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на КОВИД 19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.