Од денеска за Грција ќе се вози по новата делница од автопатот Демир Капија -Смоквица

Ова лето ќе им се скратат и маките и времето на туристите кои ќе патуваат  за Грција.

Премиерот Зоран Заев, Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и други функционери, ќе присуствуваат на пуштањето во употреба на оваа делница од автопатот кон границата со Грција, која воедно беше и нјтешка за изградба заради карпестата конфигурација на теренот.

Делницата Демир Капија -Смоквица е со должина од 28,2 километри, а изградбата започна 2012-та  година. На овој дел од коридорот  изградени се  два двојни тунела со вкупна должина од 4,5 километри, две крстосници, шест моста, пет надпатници и седум подпатници. Вредноста на изградбата на патот е 210 милиони евра.