Од експозитурата на НЛБ Банка во Сарај се украдени 115.000 евра

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај лоцирана во ТЦ „Сарај Центар”, се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти и сите се безбедни и во добра состојба – информираат од НЛБ Банка.

Во грабежот се украдени околу 115 илјади евра.

Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а со редовна работа ќе продолжи од 10 јули 2019 година (среда).