Од Ковид 19 почина таткото на српскиот министер за внатрешни работи

Бранко Стефановиќ, татко на српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стеафновиќ, почина од последици на корона вирусот, објавија повеќе српски медиуми.

,,Данас“ потсетува дека Бранко Стефановиќ стана познат во српската јавност по аферата за продажба на оружје на Саудиска Арабија преку негова приватна фирма произведено во фабриката за оружје Крушик.

Во одбрана на таткото на министерот тогаш застана лично и Александар Вучиќ

Бранко Стефановиќ е роден во Книн во 1954 година.