Од народна и конзервативна партија, Груевски го престрои ВМРО ДПМНЕ во Граѓанска десница

Во вообичаено долгиот говор, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, сакаше да покаже дека свртел нов лист, и дека зачекорил во нова ера. Овој говор на Груевски е спротивен на сите досегашни, па тој нуди помирување со граѓаните, ЕУ, НАТО и САД. Сега во нив гледа иднина и пријатели. Вели,дека е против индивидуализмот кој преминува во егоизмот, туку е за индивидуалецот како центар на случувањата:

,,На 22 септември 2017 година, започнува новото движење кое ќе ја донесе новата ера за Македонија, ера на просперитет, напредок и исполнети ветувања, одговорност достоинство и заедништво. Ера која ќе ја предводи оваа наша коалиција, и која ќе покаже на сите и дома и надвор, на сите оние кои се оправдано загрижени или можеби барем малку се скпетични дека да, ние можеме, да Македонија може, Македонија може и мора подобро!

Во отсуство на јасна владина стратегија и план, во време на хаотичност и неспособност која е видлива од секого, ние излегуваме со еден документ, кој што вечерва ви го претставувам, еден патоказ по кој ќе може сите да не препознаваат во идниот период, според кој може сите да не оценуваат, но притоа свесни дека го исполнуваме и со анс сте на сигурно дека тоа што го нудиме ќее го исполниме.

ВМРО-ДПМНЕ беше и народна  и конзервативна партија. И ќи ги задржи овие атрибути, но денес сметаме дека треба јасно и недвосмислено да им со обратиме на сите граѓани кои ги делат нашите вредности и да се легитимираме пошироко и поедноставно како ГРАЃАНСКА ДЕСНИЦА.

Граѓанската десница се стреми и кон сентиментот кој е близу до центарот и слоевите на граѓани кои се ориентирани кон пазарното општетсво и кон граѓанските вредности во политичка смисла на зборот. Сентиментот на јадро на нацијата обединето околу идејата за раст и развој на Македонија во која живеат среќни и задоволни граѓани и семејства.

Граѓанската десница е отворена куќа, дом и место за сите, секој може да влезе, секој е добродојден. Граѓанската десница им се обраќа на сите.

За граѓанската десница интересот на граѓанинот e приоритет и тој е во корелација со интересот на државата. Главни приоритети се приватната сопственост, претприемништвото, приватната инцијатива и носењето најдобри одлуки од страна на најкомпетентните. Ние велиме – Активен поединец во силна и ефикасна држава.

ВМРО-ДПМНЕ е против површен оптимизам или лажна надеж. Мудроста е во мерката и средината. ВМРО-ДПМНЕ е партија на десниот центар. Оттаму е потребно да се има и негува едно заедничко стојалиште за сите граѓани во Македонија, што ќе ги држи заедно за доброто на секој.

Индивидуата е цел на десницата. Македонија е заедница на слободни, автономни индивидуи кои сами можат да го регулираат животот и да донесуваат одлуки за сопствениот живот. И тие се одговорни за тоа што им се случува.

ВМРО-ДПМНЕ е против индивидуализмот кој прераснува во егоизам и самоостварување без припадност, без свртеност кон другиот, без обѕири кон заедницата но и без анархичност.

Односот меѓу граѓанинот и државата мора да биде однос на заемна доверба. Моќта на државата, на власта произлегува од довербата на народот, од довербата на  граѓаните.

Репубика Македонија е граѓанска држава во која се развива мултиетничко, мултиконфесионално и мултикултурно општество. Без разлика на која вера и нација и припаѓа мојот сосед, вратата на мојот двор е секогаш отворено за него. Ja имаме традицијата на солидарност. Треба да ја негуваме и да ја надградуваме.

Граѓанската десница ја нагласува важноста на националниот идентитет. На поединецот на кој му се негира чувството  на припадност, националниот идентитет, на кој му се одзема правото сам да одлучува за името на својата држава, да го истражува сопственото минато, му се одзема и слободата.

Треба да чекориме напред, горди на минатото и со верба во иднината.

Иднината ја гледаме во интеграција на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, кои се наши стратешки цели, и унапредување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави“.

ВМРО ДПМНЕ синоќа ги претстави сите кандидати за градоначалници.