Од последици на корона вирусот почина доктор од штипската болница

Денеска во 67-та година од животот почина познатиотиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков.

,,Сочувство до семејството, колегите и пријателите.Ова е 9-та жртва од медицинската фела во COVID19 пандемијата, ВЕ МОЛИМЕ почитувајте ги мерките за заштита и спречување на ширењето на SARS-CoV-2,овие загубени животи не смеат да бидат залудни!“-велат од Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ

Д-р Ѓорѓи Денков се лекувал во клиничката болница на д-р Жан Митрев.