Од рудник Саса тврдат дека јаловината во Каменичка Река не е штетна за луѓето

Денеска, околу шест часот, се случил дефект на насипот на јаловиштето број 4 на рудникот Саса, предизвикувајќи краткотрајно истекување на јаловишни води во локалниот речен тек. Набргу по дефектот истекувањето е запрено и состојбата е нормализирана, информираат од рудник Саса. 

Професори од рударскиот факултет во Штип и градежниот факултет во Скопје, заедно со стручни екипи на компанијата, отпочнаа детална истрага за да ги утврдат причините за инцидентот.  

Првичните резултати од истрагата покажаа дека дефектот не претставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина.   

Posted by Irena Ristic on Monday, September 14, 2020

Дополнително, постапувајќи согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина и правилата од А-интегрираната еколошка дозвола, за настанот се известени и сите надлежни институции на државно и локално ниво.