Од утре, први септември, шалтерите на МВР,УЈП,Царина,Матично ќе работат двосменски до 21 и 30

Од утре почнува да се применува одлуката за распоред на работното време во органите на управата. Двосменското работење треба да се применува во службите на органите на државната управа што имаат непосреден контакт со странки при издавање на лични документи, дозволи и слична документација, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Ова значи дека од утре шалтерите во МВР за издавање лични карти и пасоши, Царинската управа, Управата за јавни приходи,  Управата за водење матични книги, во одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана ќе работат од 7,30 до 21,30 часот. Овие шалтери ќе работат и секоја прва сабота во месецот од 8 до 16 часот.

Токму зарди тоа и градинките се прилагодуваат  и од утре, први септември, започнуваат со двосменското работење.

Двосменското работење подразбира дека опфатот и згружавањето на децата во јавните установи за деца/детските градинки ќе биде како и до сега од 5:30 часот наутро до 22:00 часот навечер, како и во првата сабота во месецот.