Од утре се укинувааат рестриктивните мерки, но остануваат оние за лична и колективна заштита

Владата на РСМ донесе одлука од утре да се укине полицискиот час. Како што рече премиерот Оливер Спасовски, сега одиме кон нова фаза од справување со коронавирусот, кога преку лична одговорност треба да придонесеме и за колективната здравствена заштита.

Владата донесе и други мерки како што се отворање на угостителските објекти, отворање на граничните премини веќе од 1 јуни, но за ова комисијата за заразни болести ќе треба да донесе прецизни протоколи за влез и излез од нашата држава.

Спасовски рече дека мерката за отворање на границите се во тесна координација со сите соседни земји.

Министерот за здравство, Венко Филипче, потенцираше дека граѓаните и натаму имаат обврска за носење на заштитни маски и одржување на високо ниво на лична хигиена, како и одржување на физичка дистанца.

Ќе останат и мерките за колективна заштита во банките и комерцијалните објекти.