Сечењето на дрвата во околината на познатиот охридски хотел ,,Инекс Горица“, кој неодамна беше ребрендиран во ,,Инекс Олгица“ по името на сопственичката, предизвика големо негодување во јавноста.

Сопствениците на хотелот објавија решение издадено од Општина Охрид, во кое им се наложува да исечат 7 дрва во околината, кои се проценети како опасни по безбедноста на луѓето.

Меѓутоа, од СОС Охрид, објавија видео и повеќе фотографии на кои се гледаат повеќе од 7 дрва. Тврдат дека се исечени исушени, но и здрави зимзелени дрва, кои ја красеа околината на комплексот ,,Горица“.

Патем, ,,Инекс Олгица“ се задолжува да засади толку дрва колку што се исечени и со иста големина.