Од 1 јули ќе се наплаќа патарина на новата автопатска делница кај Грделичка Клисура

Од први јули возачите ќе плаќаат патарина и на новата автопатсска делница во должина од 26 километри кај Грделичка Клисура, која вчера на свечен начин беше пуштена во употреба.

Цената ќе биде иста како и на другите наплатни рампи во Србија на коридорот 10 и ќе изнесува 3,64 српски динари по киломеетар.

Наплатните рампи се наоѓаат кај Грделица, Предејане, Владичин Хан и Врање.