Од 1.120 тестирања 35 се позитивни на КОВИД 19 од кои 22 во Скопје

Изминатото деноноќие се направени најмногу тестирања на дневна основа досега.

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 22
– Куманово 4
– Штип 1
– Тетово 6
– Струга 1
– Гостивар 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај. Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти.

– Скопје 8
– Куманово 3
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 1
– Битола 2
– Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 28804 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498.