Од 15 јуни започнува да работи аеродромот во Солун

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, се согласил да го прифати предлогот на Националната организација за јавно здравје и аеродромот ,,Македониа“ во Солун наместо од 1 јули, да започне со работа на 15 јуни.

Доколку дотогаш се обезбедат сите потребни процедури, солунскиот аеродром ќе почне и со меѓународни летови, соопшти Мицотакис.

Грција ги релаксираше мерките пред две недели по добрите резултати од рестриктивните мерки кои беа воведени пред повеќе од два месеца.

Јужниот сосед излезе како една од земјите во ЕУ кои најдобро се справија со епидемијата од КОВИД 19, со 150 починати и нешто помалку од 3.000 заразени.

Веќе се отворени и плажите со посебни мерки на заштита, а од 15 јуни ќе бидат отворени и граничните премини.