Од 2020 година нестандардните дизелаши ќе се паркираат на периферија на градовите во Германија

По одлуката на Сојузниот управен суд во Германија, градовите од 2020 година може да донесат забрана за користење на дизел возилата под стандардот  ,,еуро шест“, заради заштита на животната околина.

Тоа значи дека 12 милиони дизел-автомобили кои не ги исполнуваат еко стандардите, нема да може да се возат во населените места, туку ќе мораат да се паркираат на периферија од градовите, кадешто ќе бидат обезбедени паркинзи, а сопствениците на автомобилите потоа ќе имаат можност да користат јавен транспорт.

По оваа одлука, економистите во Србија предупредуваат дека таа ќе се одрази на земјите од југоисточна Европа, бидејќи ќе има наплив на стари автомобили од Германија, чија цена драстично ќе падне.

Од 15 милиони дизел-автомобили во Германија, само 2,7 милиони  имаат мотор со најновиот „евро 6“ стандард, такашто другите ќе го бараат зпаднобалканскиот пазар, велат од здружението на увозници во Србија.

Инаку, намерата е од фабриките во Европа, до 2025 година, да излегуваат само електромобили.