Од 908 тестирани вработени во градинките, само еден е позитивен на КОВИД 19

Неколкудневното тестирање на вработени во градинките низ Македонија, покажува дека тие се безбедни за враќње на работа.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

Како што претходно известија локалните медиуми во овој град, позитивниот на коронвирус е од техничкиот персонал и тој од затворањето на градинките немал контакт со ниту еден од вработените.