Окупирани и уништени тревни површини околу Мајчин дом по воведување на зонското паркирање

Реонот околу Мајчин дом и Три бисери до неодамна беше еден од последните во Општина Аеродром, во кој паркирањето беше бесплатно и слободно. Откако се воведе зонско паркирање, жителите на овој дел од населбата веќе немаат проблем со паркирање, но имаат проблем со натрапниците кои не сакаат да платат минимално за паркинг простор додека се привремено тука.

Околу Мајчин дом, каде што се гради непосакуваната зграда и од каде секојдневно се слуша голема галама и се произведува енормна количина прашина, сега пациентите, но и муштериите на блиските угостителски објекти, почнаа да ги узурпираат тревните површини кои веќе беа уништени од камионите на градежната оператива.

Еве како изгледа ова, некогаш зелено и чисто катче.

Несканото бетонско ,,чедо“ на градоначалникот Марин против кое се бореше како опозиционер, зад Мајчин дом зеленилото стана див паркинг

За првпат има слободно место на регуларните паркинзи, но за оние што не живеат тука, се наплаќа. Минимално, 25 денари на час. Но, за овој народ и тоа е многу.

Црвениот автомобил вртеше, вртеше и откако виде дека паркингот се наплаќа, нормално се паркираше на ливадата

Нема кој да воведе ред и поредок, ниту контролори, ниту полиција.

Прашања кои немаат одговор, дали сребрениот автомобил е во зонско или е паркиран на диво?

Генерално, овој народ, очигледно не сака регуларан систем и средена држава. За се’ имаат единствен одговор. Сиромаштија. Да, но на духот!

Емилија Лазаревска за Ако.мк