Олд тајмери во Гази Баба

Старите возила или популарно-олд тајмери имаат посебно место во срцето на нивните сопственици. Тие се грижат за нив, ги негуваат, ги чуваат исто како што се чува милениче, маче, куче или папагал. Ги мијат, ги покриваат, во гаражата за нив има посебно место, ако треба новото возило ќе ,,седи ” надвор, но не и железниот миленик на тркала.

И потоа , налицкан, гордо се носи на изложба.

 

revija_oldtajmeri_13


revija_oldtajmeri_12 revija_oldtajmeri_10


revija_oldtajmeri_09 revija_oldtajmeri_08

Возилата беа дел од изложбата што ја организираше општина Гази Баба и ААК Примо АВЈ, а учествуваа 35 сопственици од Македонија и од Србија.