Оливер Андонов го обвини министерот Спасовски за поврзаност со криминални групи

Лицето врз кое беше извршен обид за убиство и е познато на полицијата по неговите криминални, но и политички активности, изјави дополнителниот заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов денеска во Битола,запрашан за синоќешната престрелка и сообраќајна несреќа што се случи во Скопје.

-За жал, се докажа она што барем јас во изминатиот период упорно го говорев, дека со противзаконските поставувања во МВР и врските на СДСМ и на министерот Оливер Спасовски со криминални групи и поединци, само ја зголемуваме тензичноста, а тоа не помага во безбедноста на државата и граѓаните. Првичните сознаинија на полицијата посочуваат дека се работи за некоја пресметка, дали е криминална или политичко-криминална, допрва ќе се истражува. Завршен е увидот, подигнато е моторното возило на повредениот, се собираат докази, а полицијата се уште работи на откривање на извршителите, рече Андонов.

Според него, вакви инциденти може да се очекуваат во текот на изборната кампања.

-Жалам што морам да констатирам дека последниот месец имавме неколку такви случаи на криминално-полициски местенки, активности на криминални групи, а тоа ме плаши дека во текот на изборите можно е да се случуваат вакви ситуациии, додаде Андонов.

Вчера во вооружена престрелка беше пукано од автомобил во движење во 46 годишниот Даниел Трајковски чие возило потоа се преврте, а овој во тешка сосотојба е пренесен на КАРИЛ, каде му е извршена операција. Животот уште му е во опасност.