Оливер Андонов поставен за директор на ЈП ,,Јасен„?!

Оливер Андонов ќе раководи со Јавното претпријатие ,,Јасен„, неофицијално дознава А1он. Ова назначување доаѓа токму во момент кога шумскиот резерват Јасен и воено инфраструктурните објекти што се наоѓаат таму беа спомнати од неделникот „Фокус“ како место од каде ќе се командува со апсење на „пучистите“ по прогласување на вонредна состојба.

Според пишувањето на „Фокус“ постои план Ѓорге Иванов да прогласи вонредна состојба доколку мнозинството во парламентот избере спикер, а потоа и нова Влада. Весникот пишуваше дека Иванов неодамна бил во мисија на подготовка на објектите за сместување на Груевски, Иванов и нивните семејства за време на евентуална воена состојба.

Оливер Андонов еден ден беше министер за внатрешни работи, а потоа беше заменик на министерот Оливер Спасовски и важи за човек од доверба на ВМРО-ДПМНЕ. Тој последните неколку години жестоко ја брани ВМРО ДПМНЕ како ,,политички аналитичар“ и е еден од најревносните послушници на оваа партија.