ОМД бара извинување од Амбасада на САД за ,,грешно испеаната македонска химна“ на приемот во Скопје

Обединетата македонска дијаспора повика на итно изјаснување и извинување од страна на Амбасадата на САД во Скопје, Македонија,како што се вели во реакцијата ,, за неприфатливата грешна македонската национална химна испеана од Тамара Тодевска за време на годишниот прием по повод Американскиот ден на независноста 4 јули“.

,,Во верзијата на Тодевска беа отстранети цел значаен дел од химната, кои се однесуваа на борците за независност на Македонија, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански. Тодевска јавно треба да се извини за оваа грешка.

ОМД цврсто верува дека ова не е грешка, туку намерно, поради некои повици за промена на химната на Македонија (итн. Тиранска Платформа) бидејќи Бугарија инсистира на тоа овие историски личности да бидат етикетирани како бугарски во учебниците за историја на Македонија. Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ ако овие барања не бидат исполнети.

Без формално извинување од страна на Американската амбасада, САД ќе се гледа како да заземат страна во оваа бесмислена историска дебата, која ја предизвика Бугарија. Химната на САД е банери со ѕвезди и исто како и почитуваните понудени на САД, САД треба да покажат иста почит за време на државните празници, особено во земјите кои се наши сојузници во НАТО.

Во прилог на писмото до Микаела Швајцер-Блум од амбасадата на САД, ОМД го информираше Стејт департментот на САД, Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот Дом и Конгресната група за Македонија и македонско-американската заедница“-стои во реакцијата.

Пејачката Тамара Тодевска синоќа во Американската амбасада во Скопје по повод 4 јули, националниот ден на САД, не го испеа стихот за Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и Питу Гули од македонската химна.

Многумина ова го доживеаја како провокација и намерно изоставување поради политичкиот момент со Бугарија.

Бугарите не прифаќаат Гоце Делчев и натаму да биде славен како македонски херој.