ОМД: Конгресменот Рохрабакер има тесна соработка со албанската дијаспора и со УЧК

 

ОМД бара Конгресменот Рохрабакер да поднесе итна оставка од значаен Подкомитет за Европа.

Обединетата македонска дијаспора реагира на неприфатливата изјава на  републиканскиот конгресмен Дана Рохрабакер дадена за албанска телевизија во која ја дели Република Македонија.

“Ги повикуваме претседателот на Конгресот, Пол Рајан и лидерот на мнозинството во Конгресот, Кевин Мекарти итно да го отповикаат конгресменот Рохрабакер од неговото претседателство на овој значаен Подкомитет во Конгресот и го повикуваме претседателот Доналд Џ. Трамп да упати критика кон Рохрабакер за неговите коментари.”-стои во писмената изјава на Мето Колоски објавена на официјалната интернет страница на ОМД. Колоски и ОМД ги  повикуваат американците со македонско потекло да ги контактираат нивните претставници и национални лидери со барање на одговорност за Конгресменот Рохрабакер.

Членовите на конгресот не би требало да бидат иницијатори на конфликти на Балканот. Тие не би смееле да се поистоветуваат со етно-националните агенди застапувани од страна на одредени балкански политичари. Македонија е суверена држава со постојани меѓународно признати обележани граници со сите свои соседи. Како таква, Македонија не припаѓа на Албанија, Бугарија, Косово, Грција, Србија или која било друга нација – држава-се вели во реакцијата.

Конгресменот има долгогодишни конекции со Ослободителната Армија на Косово (УЧК), терористичка организација поврзана со воени злосторства, трговија со луѓе со цел проституција, нелегалната продажба на хероин и други наркотици и трговија со човечки органи. Албанско-Американскара граѓанска лига (ААЃЛ)- влијателен Американски лобист за УЧК, го имаа Рохрабакер за “Почесен гостин” на Добротворен настан во 2001 година. Рохрабакер отворено повика САД да ја вооружат УЧК, и покрај постојаните извештаи за масакрите врз невини цивили од страна на УЧК-додаваат од ОМД.

Конгресменот  Рохрабакер (републикански претставник од Калифорнија) уште еднаш се посрамоти сам себе, неговите гласачи и неговата партија со крајно неодговорен напад против Република Македонија-реагира Обединетата македонска дијаспора(ОМД).

 

АКО.мк