Минатата недела, во своите канцеларии во Вашингтон, Обединетата македонска дијаспора беше домаќин на вечера во чест на новата американска амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнз. Амбасадорката и заменичката, кои ќе допатуваат во Македонија следниот месец, Џенифер Џеј Ар Литлџон, присуствуваа на вечерата заедно со истакнати гости, членови и поддржувачи на ОМД.

Меѓу гостите присуствуваа претставници од различни индустрии, од кои сите имаат силни врски со Македонија, или преку потекло или преку инвестирање во Македонија. Претставените бизниси вклучуваат управување со отпад и заштита на животната средина, увоз на македонски производи, македонска технолошка компанија, македонска здравствена компанија, авто-преработувачка индустрија, финансиска индустрија, правна индустрија и фармацевска индустрија. Присутните имаа можност да го искажат своето несогласување со позицијата на САД за името на Македонија и Преспанскиот договор.

Кејт Мари Брнз(во средина) со Мето Колоски

Вечерата вклучуваше традиционална македонска кујна и македонски вина од „Стоби“ и „Тиквеш“.

,,По приемот, отворивме дискусија во која гостите и амбасадорката можеа да имаат поформална дискусија за Македонија и нејзините планови откако ќе го започне својот мандат, како и улогата на македонската дијаспора“-соопшти ОМД.