Оваа површина што ја гледате на фотографијата во општина Чаир е оградена заради градежни активности. Градоначалникот на општина Чаир Иџет Меџити ги игнорира апелите на жителите на овој дел од населбата каде се наоѓа голем парк, со зеленило,повеќегодишни дрвја , но и паркинг простор, да се преиспита одлуката целиот простор да се отстапи како градежна парцела. Никој не ги прашуваше жителите и кога се носеше ДУП-от и кога се објавуваа парцелите за градење и кога се делеа градежните дозволи. Но, се чини покрај децата и пензионерите кои секој слободен момент го користеа во паркот, посебно во жешките летни месеци, најголеми проблеми ќе имаа оваа жителка на Чаир, која се наоѓа во инвалидска количка:

Таа беше непријатно изненадена враќајќи се , кога беше оневозможена да ја користи својата вообичаена патека до дома. Сега, таа ќе мора да се пробива низ околината дополнителни стотина метри за да стаса дома.

Жителите на околните згради во неколку наврати протестираа против мегаломанската градежна узурпација на нивната околина, но безуспешно.

АКО.мк